Владата одбележува 24 години од Охридскиот рамковен договор
Владата на Македонија денеска одржува свечена седница по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На настанот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Договорот, потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно, ја означи крајната точка на неколкумесечниот конфликт во земјата. На документот потпишале тогашниот претседател Борис Трајковски, премиерот Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), лидерите на СДСМ (Бранко Црвенковски), ПДП (Имер Имери) и ДПА (Арбен Џафери).
Потписите ги ставиле и специјалните претставници на ЕУ (Франсоа Леотар) и САД (Џејмс Пердју), што ја потврди меѓународната поддршка за спогодбата.