
Демократскиот сенатор Берни Сандерс ја нарече објавата на Трамп, во која на Иран му порача „отворете го проклетиот теснец, вие луди гадови, или ќе живеете во пекол", „испад на опасна и ментално нестабилна личност".
„Еден месец по почетокот на војната во Иран, ова е изјава на претседателот на Соединетите Држави на Велигден. Ова се испади на опасна и ментално нестабилна личност. Конгресот мора да дејствува ВЕДНАШ. Запрете ја оваа војна", напиша Сандерс.